За Нас

Комплекс згради на раскрсницата на улицата „Стево Теодосиевски“
(поранешна „Ленинова“ ) и булевар „ВМРО“ (поранешен „Маршал Тито“)

Профил

Делта Градба, како членка на групацијата Деликатес, е една од најреспектабилните градежни компании во регионот. Нашето седиште е во центарот на истокот, во Кочани.

Имиџот почнавме да го гадиме уште со нашиот прв објект во населбата Калиманова Глава, изграден во далечната 1993 год. Оттогаш, заедно со нашите партнери и подизведувачи, надминавме многу предизвици и изградивме објекти од сите форми и големини, секогаш правејќи го вистинското нешто за нашите клиенти.

Како една од подобрите фирми од средна големина во државата, посветени сме да бидеме најдобри во својата класа во секој аспект на работењето, од идеен проект до финална реализација.
Од нашиот широк дијапазон на објекти кои ги имаме изградено, можеме да кажеме дека сме горди и на работата која ја имаме завршено, но и на начинот на кој го имаме направено тоа.

Денес ги градиме едни од најубавите згради во регионот, но и во цела Македонија. Но најголемо задоволство ни претставува фактот што на неколку стотина семејства им го подобривме животот со тоа што им изградивме дом, а воедно го урбанизираме и го разубавуваме просторот.

Мисија и Визија

Постигнување на поголема економичност и ефикасност во работењето со целосна ориентација кон купувачите, следење на нивните барања за удобен и комфорен простор, како и постојаното подобрување на квалитетот на изработката е главната мисија на нашата компанија.

Ние сме посветени на успехот на нашите клиенти, нашите деловни партнери и нашите вработени. Веруваме дека така ќе обезбедиме основа за долгорочна соработка со нив, како и сигурен раст на компанијата.